Пратениците утре ќе гласаат за буџетот на Регулаторна

Пратениците по два дена дебата, денеска не завршија со расправата за предлог- финансискиот план за Регулаторната комисија за следната година. Поради немање кворум, претседателот на Собранието Трајко Вељановски гласањето за предлогот го презакажа за утре. Опозицијата смета дека е нелогично во услови на криза Комисијата да добие 20 проценти поголем буџет за 20 проценти кој се однесува за патни трошоци и набавка на канцелариски мебел и зголемување на платите. Пратениците на опозицијата сметаат дека Регулаторната се грижи само за монополските компании наместо за потрошувачите затоа што дозволуват постојано покачување на цените на цените на енергенсите.Директорот на Комисијата Димитар Петров истакна дека во октомври е остварена заштеда на енергијата поради што на крајот од годината можно е сметките на граѓаните да бидат пониски.