Евроазискиот самит во Лаос заврши

Азиските и европските лидери на минатиот самит

Азиските и европските лидери на дводневниот самит во Лаос предупредија дека глобалната економија се соочува со големи неизвесности. Претседателот на Европскиот Совет Хераман ван Ромпуј изјави дека со економските случувања Европа и Азија се во ист брод. Тој изрази надеж дека европската економија постепено ќе заздрави. На самитот присуствуваа лидери на 49 земји кои сочинуваат 60 проценти од светската трговска размена. Состанокот се одржа во време кога Европа се справува со должничка криза во еврозоната, а азиската економија е се уште во пораст, но со позабавено темпо од претходно.