Лавров се сретна со сириски опозиционер

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна во Аман со еден од опозициските лидери, поранешниот сириски премиер Риад Хиџаб. Хиџаб во август пребегна во Јордан. Лавров пред средбата изјави дека сака од прва рака да ја добие информацијата за тоа какви решенија очекува сириската опозиција од 20 месечниот конфликт. Во меѓувреме сириска новинска агенција јаува дека „терористи“ го убиле братот на претседателот на Собранието, Џихад ал Лахам.
Тоа е еден од серијата напади кои бунтовниците ги спроведуваат врз политичките и воените функционери кои го поддржуваат режимот на претседателот Башар Ал Асад.