Почина бугарскиот патријарх Максим

Поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Максим, почина рано утринава во 98-та година од животот, соопшти Бугарската патријаршија.
Тој изминатите неколку недели ги мина во болница заради општа изнемоштеност, пренесе новинската агенција БТА. Патријархот Максим беше поглавар на Бугарската православна црква 41 година. Светиот синод на таа црква ќе се состане за да ги почне подготовките за погребот на патријархот и за избор на неговиот привремен наследник, се додека големиот Црковен совет по четири месеци не го избере новиот поглавар на БПЦ.