Американската влада им помага на жртвите на Сенди

Американската влада соопшти дека ќе им помогне во наоѓањето хотели и мотели на околу 34 илјади луѓе расселени поради ураганот Сенди. Невремето кое на 29 овој месец го погоди американското источно крајбрежје, посебно Њујорк и Њу Џерси, уби над 100 луѓе и уништи илјадници домови. Властите на Њујорк соопштија дека за чистење на последиците од Сенди досега потрошиле над 85 милиони долари.