Америка бира меѓу Обама и Ромни

Во САД денеска се одржуваат претседателски избори. Американските гласачи ќе избираат кој да биде следниот претседател, односно треба да се одлучат меѓу актуелниот претседател Барак Обама или за неговиот републикански ривал, Мит Ромни.

Анкетите покажуваат дека Обама има тесна предност во однос на Ромни во поголемиот дел од т.н. „неопределените држави“. Во неопределените држави влегуваат Флорида, Охајо, Вирџинија, Колорадо Невада, Ајова и Њу Хемпшир.

На трките во Мичиген, Пенсилванија и Ново Мексико кандидатите се многу блиску, а анкетите покажуваат дека Ромни е во тесна предност во Северна Каролина и Аризона.

Освен за претседател, гласачите денеска треба да гласаат и за членови на Сенатот и за конгресни места во Претставничкиот дом на САД.