Г20 - економската ситуација во Европа е подобрена

Претставници на водечките економии во светот предупредија дека т.н. „фискална карпа“ е најголемата краткорочна закана за глобалниот економски раст. По дводневната средба на Г-20 во Мексико Сити финансиските претставници повикаа САД да дејствува брзо, односно да намали 600 милијарди долари од владините трошоци. Тие сметаат дека повисоките даноци кои треба да се воведат во САД од 1 јануари би можеле да и помогнат на американската економија која се наоѓа во рецесија. Членките на Г-20 изразија оптимизам дека економската ситуација во Европа е подобрена.