Лавров:САД и Русија немаат тајни разговори за режимот Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија и САД никогаш не оддржале тајни средби за да разговараат за промени на режимот во Сирија. Лавров денеска по средбата со лидерот на Арапската лига Набил Елараби во Каиро изјави дека Русија ги поддржува преговорите за изнаоѓање на решение за сирискиот конфликт базирани на женевската декларација. Тој ги обвини западните зeмји за пролонгирање на конфликтот со поддршката што и ја даваат на сириската опозиција. Лавров повика на мирна транзиција на власта во Сирија.