Европско - азиски самит во Лаос

Лидерите на Европа и Азија започнаа дводневен самит во Виентиен – Лаос.
Главна тема е трговијата меѓу двата економски региона. Генералниот секретар на Асоцијацијата на Југо-источна Азија Сурин Питсуван и Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо го отворија самитот на кој учествува и рускиот премиер Дмитриј Медведев.
На самитот ке стане збор и за глобалната економска состојба, должничката криза во ЕУ и забавениот раст во Кина и Индија.