Собрание: бранителите, партиите клеветата...

Македонското Собрание денеска треба да расправа за Предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка.
На дневниот ред е и дополнетиот предлог на закон за туристички развојни зони, на законите за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност, на Изборниот законик, на Законот за финансирање на политичките партии, на Кривичниот законик, на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и на закон за странската информативна дејност во Република Македонија, сите во второ читање, се на дневниот ред на оваа собраниска седница.