Грчката влада со нови мерки за штедење

Грчкиот премиер Антонис Самарас

Грчката влада денеска треба да го презентира новите мерки за справување со должничката криза на земјата. Парламентот се очекува да го усвои пакетот мерки за штедење на премиерот Антонис Самарас со кој ќе се кратат 13 ипол милијарди евра преку намалување на трошоците, заедно со мерките со кои им се дозволува на компаниите полесно да вработуваат и отпуштааат работници.
Најмоќните синдикати од јавниот и приватниот сектор ќе почнат 48 часовен штрајк против новите мерки.