Тадиќ се повлекува и од партијата

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ денеска изјави дека нема да се кандидира за лидер на Демократската партија на конгресот кој што е закажан за 25 ноември. Тој денеска по седницата на главниот одбор на партијата истакна дека најверојатно ќе остане само почесен преседател на Демократската партија. На седницата денеска се усвоени и измени на статутот на партијата.