Г.г. Стефан: МПЦ и СПЦ се уште се на почетокот во преговорите

Нацрт договорот од Ниш меѓу Српската православна црква и Македонската православна црква е завршен и не важи, потребно е и двете страни да имаат расположение за решавање на спорот меѓу цркви, но засега и покрај низата децениски средби и разговорите договарањето за решавање на спорот се уште е на својот почеток. Ова денеска го изјави поглаварот на МПЦ г.г. Стефан. Тој истакна дека и натаму стојат зад предлогот за самостојност и автокефалноста на Македонската православна црква, онаква каква што ја имала Охридската архиепископија, но и сите возобновени цркви, како што е Српската односно некогашната Печка епископија, Трновската патријаршија, а денеска Бугарската православна црква и како што е и Албанската во соседството.