СДСМ: Догодина поголема дупка во буџетот

СДСМ смета дека со предложениот буџет за наредната година нема ништо суштински да се подобри во македонската економија, а животниот стандард на граѓаните ќе продолжи да се намалува. Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски изјави дека со оглед на порастот на трошоците за живот од 3,5 проценти следнат година стандардот на гражаните ќе се намали, без разлика дали владата го оствари предвидениот раст за догодина од 2 проценти.
Тој додаде дека буџетскиот дефицит се зголемува за 40 проценти и тоа е дел од фактурата за проектот „Скопје 2014“, a а Владата за враќање на свои стари долгови ќе направи нови долгови кон странство. Наместо “Скопје 2014“, да направеше Владата 250 километри автопат или да направеше гасификација на земјата, денес ќе зборувавме за повисоки стапки на економски раст и сѐ ќе изгледаше подобро изјави Јовановски.