Експлозија на бомба во хотел во близина на Дамаск

Сириската државна телевизија јавува дека при експлозија на бомба во хотел во близина на Дамаск загинале десетина луѓе. Во хотелот порано престојувале набљудувачите од Обединетите Нации. Се уште нема информации за националнота на жртвите и дали има други ранети. Во изминативе 19 месеци во Сирија се води конфликт меѓу државните владини сили и бунтовниците кои се обидуваат да го симнат од власт претседателот Башар Ал Асад.