Украинската опозиција размислува за бојкот

Украинските пратеници и лидери на опозицијата соопштија дека не сакат да бидат дел од новиот Парламент. Пратеникот од партијата на затворената Јулија Тимошенко, Анатоли Хришченко изјави дека политичкиот конгрес во партијата утре ќе го разгледува барањето 103-те новоизбрани пратеници да не ги прифатат мандатите. Според резултатите од изборната комисија владеачката партија на претседателот победи на изборите со 30 проценти од гласовите додека партијата на Тимошенко освои 25 проценти. Третата на листата е „Удар“ на познатиот боксер Виталиј Кличко со 13, 95 проценти додека Комунистичката партија освои 13,18 проценти. Опозицијата тврди дека изборите се фалсификат додека ОБСЕ ги оцени како процес кој ги уназади демократските процеси во земјата.