Националисти со нацистички обележја на улиците во Москва

Илустрација

Стотици националисти денеска со марш во неколку руски градови го одбележуваат Денот на национално единство. Околу 90 демонстранти се притворени во два руски града, додека локалните власти во Москва за прв пат дозволија да се оддржи до сега забранетиот марш во кој денеска учествуваа неколку илјади луѓе.

Од нив околу 25 луѓе беа приведено поради носење на забранети нацистички обележја на маршот.

Владеачката партија Обединета Русија преку учество на локалните власти оддржа мали настани во неколку градови во име на одбележување на денот. Рускиот православен патријарх Кирил денеска ја предводеше богослужбата во катедралата во Кремљ.