Њујорк бавно заздравува по Сенди

Њујорк бавно заздавува од последиците кои ги остави ураганот Сенди во понеделникот. Околу 850 илјади луѓе денеска се без струја и греење, на температури од околу 5 целзиусови степени. Градоначаникот Мајк Блумберг ги повика повозрасните жители од регионите кои се без струја да отидат во отворените засолништа што им се во близина. Градските власти поделија и 25 илјади кебиња во регионите кои останаа без греење. Њујорк и голем дел од соседниот Њу Џерси се соочуваат со недостиг на горива и долги редици на бензиските пумпи. Градоначалникот Блумберг изрази надеж дека тој проблем во следните неколку дена ќе биде решен. Речиси 80 проценти од местростаниците во Њујорк се функционални и работат.