Нимиц:За неколку месеци можно решение за името

Грчката влада приложи меморандум што е значен чекор за спорот за името и од одговорот на владата во Скопје ќе бидиме дали е тоа начин со кој може да се направи прогрес во преговорите изјави во интервју за Гласот на народот медијаторот во преговорите за спорот со името Метју Нимиц, а пренесува интернет порталот е-вести. Тој додава дека се надева дека во наредните неколку месеци може да се види решение за проблемот, а до решение може да се дојде ако лидерите во Скопје и Атина покажат добра волја.

„Мојата намера е да продолжам да работам на ова прашање, и со помошта на обете страни се надевам дека за наредните неколку месеци, ќе видиме решение на овој проблем“ изјави Нимиц.

Тој на забелешката дека не се почитува и спроведува пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, изјави дека „Секоја одлука на Судот посебно на Меѓународниот суд на правда треба да биде земена сериозно и не ја исклучува, но процесот на медијаторство меѓу двете страни според резолуциите на ООН е билатерален разговор со кој се бара политичко решение.“