Обама и Ромни на само два дена пред изборите

Останаа уште два дена од американската претседателска кампања. Кандидатите за претседател Барак Обама и Мит Ромни вчера застанаа во седум места во неколку клучни држави во САД кои ќе имаат голема одлучувачка улога во тоа кој ќе седне на претседателската фотелја во Белата Куќа. Според истражувачите на јавното мислење меѓу Ромни и Обама се води тесна битка. Исходот ќе зависи од гласањето во 10-те таканаречени неутрални држави.