Ахмадинеџад ќе одговара пред пратениците

Иранскиот парламент го повика претседателот Махмуд Ахмадинеџад на сослушување во Собранието за падот на вредноста на иранската валута – риал.
Пратениците го потпишаа барањето во кое се тврди дека админситрацијата на Ахмадинеџад нема волја да се справи со проблемот во монетарната политикам и бараат одговор од него за тоа.
Иранскиот ријал во текот на изминатава година изгуби речиси две третини од својата вредност во однос на доларот. Политичарите смеатаат дека главните причини за тоа се санкциите од западните земји кон Иран поради контроверзната политика и лошата монетарна политика на Ахмадинеџад. Ахмадинеџад во изминатава година поради девалвацијата на валутата изгуби дел од поддршката што ја добиваше од влијателни ирански конзевативци.