Убиен шеф на полиција во јужен Авганистан

Во експлозија на бомба поставена покрај пат загина еден шеф на локалната полиција во јужен Авганистан. Рахматулах Кан бил убиен додека се обидувал да стигне до полициски пункт кој бил нападнат од Талибанците во покраината Кандахар.
Според извештаите, при нападот повреден е и неговиот телохранител, а двајца бунтовници загинале.