Обама презема мерки за намалување на недостигот на гориво

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама нареди да се обезбедат 38 милиони галони дизел гориво и 45 милиони бензин, каде што има недостиг или каде што нема електрична енергија по ураганот кој го погоди источниот регион на САД.
Се предвидува дека уште една бура ќе го погоди регионот во вторник или среда проследена со ниски температури, дожд и снег.