Сириските бунтовници нападнале воена база

Напад на владините сили на Дамаск

Сириските бунтовници извршиле напад врз воена база во северозападниот дел на земјата. Владата ја користи базата Тафтаназ за извршување на воздушни напади на позициите на бунтовниците.
Бунтовниците се обидуваат да ја преземат контролата на стратешката зона меѓу Алепо и Дамаск.