Жбогар: Србија да ги нормализира односите со Косово

Специјалниот претставник на ЕУ за Косово Самуел Жбогар

Специјалниот претставник на ЕУ за Косово Самуел Жбогар изјави дека ставот на Европската комисија дека Србија треба го почитува територијалниот интегритет на Косово, не значи дека Србија мора да ја признае независноста на Косово.
„Тоа конкретно значи дека не сме за поделба на Косово и нема да ги поддржиме размислувањата за поделба поради некои интерни косовски, но и регионални причини. Тоа воедно значи дека треба да се земат предвид посебните потреби на луѓето кои живеат во северниот дел на Косово. Србија треба да ги нормализира односите со Приштина и тоа е она што низ разговорите, на кои ќе посредува Кетрин Ештон, ќе се утврди што тоа точно значи“, објасни Жбогар.