Ердоган e и натаму за претседателски систем во Турција

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека губи надеж дека ќе ја добие поддршката од сите политички партии за спроведување на реформите, кои ќе овозможат воведување на претседателски систем со пошироки надлежности, но и покрај тоа е цврсто решен да ги реализира своите планови, пишува денеска турскиот весник „Сабах“.
Ердоган доминира во турската политика, откако неговата про - исламистичка Партија на правдата и развојот дојде на власт во 2001 година, а оттогаш уште два пати победи на изборите.
Според статутот на партијата, Ердоган сепак, не може уште еднаш да се кандидира за премиер, откако ќе му заврши сегашниот мандат во 2015 година и јавна тајна е дека тој сака да се кандидира за претседател, наведува весникот.