Грците се меѓу 5 те најпесимистички народи во светот

Грците се меѓу 5 - те најпесимистички народи во светот, според истражувањето на агенцијата „Нилсен“ за довербата на потрошувачите во третиот квартл на 2012 година, објави денеска атинскиот весник „Имерсија“.
Секој трет Грк изјавил дека не му остануваат пари откако ќе ги подмири основните потреби.
Истражувањето покажува дека 93 отсто од Грците биле принудени да ги сменат потрошувачките навики поради кризата. Додека 73 проценти изјавиле дека купуваат поевтини артикли, а 68 отсто од испитаниците изјавиле дека ги намалиле расходите кои не се поврзани со домот.
Девет од десет потрошувачи оцениле дека Грција е во рецесија, а голем е и бројот на луѓе кои изјавиле дека кризата ќе продолжи и во следните месеци