Во Канада разговори за правата на македонците во Грција

Методија Коловски - претседател на ОМД

Претставници на македонската заедница во Грција оствариле средби со канадски пратеници во Отава и Торонто, на кои ги информирале за кршењето на човековите права на Македонците во грчкото општество.
Архимандрит Никодим Царкњас и Евгенија Нацулиду, претставник на Обединетата македонска дијаспора за Грција, како и директорот за комуникации на ОМД Марк Бранов во Отава се сретнале со пратеници Гери Шеленберг и Бернард Тротиер од владејачката Конзервативна партија, Рајмонд Коут од Нова Демократија и Ирвин Котлер од Либералната партија.
Според соопштението на Обединетата македонска дијаспора, на средбите се разговарало за тактиките на заплашување кои Грција ги употребува против Македонците, за да ги лиши од нивните човекови права.