Собранието не прифати интерпелација на претседателот на Регулаторна

Собранието на Рeпублика Македонија не прифати интерпелација на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Димитар Петров, што ја поднесоа пратениците од опозицијата. Дванаесетчасовната расправа заврши со 56 гласа против, 39 гласа „за“ и без воздржани.
Опозицијата побара разрешување на Петров од функцијата зашто смета дека РКЕ по сомнителна и нејасна методологија ги утврдува цените на енергенсите, не ја извршува основната задача - да го контролира пазарот на електрична енергија, ниту ги штити интересите и правата на граѓаните. Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, во одбрана на работата на РКЕ говореа дека е во согласност со Законот за енергетика и со европските директиви.