Обама и Ромни во завршна битка за победа

Претседателот Барак Обама и кандидатот на Републиканската партија, Мит Ромни ги правата последните напори да придобијат гласачи пред изборите на 6 ноември кога американските гласачи ќе одберат претседател за наредниот мандат. Се очекува дека кандидатите ќе се фокусираат на оние држави каде што сеуште ниеден од нив нема обезбедено предност според анкетите. Меѓу нив се Охајо, Флорида, Колорадо, Висконсин, Њу Хемпшир, Вирџинија , Невада и Ајова.