„Заглавија“ преговорите на Грција со „тројката“

Меѓународниот монетарен фонд денеска соопшти дека преговорите меѓу Атина и „тројката“ меѓународни кредитори заглавиле околу условите за финансирање на Грција која бара продолжување од две години на рокот за исполнување на целите.
Портпаролот на ММФ Гери Рајс изјави дека иако Атина остварила значителен напредок во примената на фискалните и структурните реформи, меѓу Грција и нејзините кредитори мора да биде постигнат договор околу условите на финансирањето, кои ќе бидат во согласност со одржливоста на долгот.