Богов: Стагнација на македонската економија

Стагнацијата на македонската економија годинава и умерен раст во наредните две години при очекувани нови приватни и јавни инвестиции е последната прогноза на Народната банка.

Во најновата проекција имаме надолна ревизија на БДП - стагнација наспроти раст од еден отсто за 2012 година и раст од 2,6 проценти за 2013 наспроти три проценти како во претходната прогноза, изјави денеска гувернерот Димитар Богов.

Тој додаде дека НБРМ почна со проекција од три проценти раст на БДП за годинава за да стигне до 0, но истакнува дека погрешни проекции направиле и многу меѓународни организации, па зашто да не можат и тие да згрешат.

Во однос на инфлацијата, гувенерот посочи, дека има нагорна ревизија за годинава и за наредната година од 2,2 на 3,5 проценти, но како краткотраен ефект и се очекува стабилизирање во 2014 година. Најголемо влијание ќе имаат повисоки увозни цени на храната и енергијата.