Лебедев ќе излезе од затвор до 2013 година

Рускиот суд ја намали казната за бизнис партнерот на затворениот руски тајкун Михаил Ходорковски, Платон Лебедев. Лебедев сега наместо 13 ќе отслужи 10 години затвор. Со таквата одлука Лебедев ќе буде пуштен на слобода во јули 2013 година. Двајцата тврдеа дека се осудени на затворски казни затоа што му се спротивставиле на рускиот претседател Владимир Путин и ја поддржале опозицијата. Ходорковски ќе остане во затвор до 2016 година.