Иванов му одговори на Плевнелиев

Подготвени сме со сите наши соседи да разговараме на официјални средби за сите отворени прашања и да најдеме одговор, изјави денеска во Сочи претседател Ѓорге Иванов коментирајќи го ставот на неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев. Тој додаде дека се согласува со Плевнелиев дека се потребни дела а не зборови за добрососедски односи, но за тоа треба да разговараат на некоја идна средба а не преку медиумите.