Ригорозни казни за возачите без лиценца

Трајно и времено одземање на возила на превозниците кои без лиценца и дозвола за возен ред ќе учествуваат во сообраќајот. Ова е дел од измените на законот за превоз кој денеска го презентираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
Според владината одлука таканаречените „диви превозници “ кои ќе работат без лиценца ќе платат казна од 500 евра и ќе останат без возило. Доколку превозникот има лиценца но сообраќа на релација за која нема дозвола ќе му биде одземено возилото на 6 месеци до една година. Но доклку го повтори прекршокот возилото ќе му биде одземено трајно. Јанакиевски изјави дека со новите казни конечно ќе се справат со дивиот превоз во земјава. До сега биле одземени 200 возила но тоа не го решил проблемот и затоа се воведени построги казни, додаде Јанкиевски.