Интерпелација за претседателот на Регулаторна

Пратениците денеска расправаат за интeрпелација на претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Димитар Петров. Опозицијата смета дека Комисијата е место за вработување на партиски војници и дека одлуките за поскапување на струјата и горивата ги носи на сомнителен и нетраспарентен начин. Петров изјави дека интерпелацијата не е доволно аргументирана односно дека во себе не содржи факти, затоа што, како што вели, комисијата работи според законите.
Пратениците од владеачкото мнозинство сметаат дека вината за зголемувањето на цената на струјата треба да се бара во продажбата на ЕСМ, а за цените на горивата треба да се земе в предвид дека се уште земјава има најефтини нафтени деривати.