Ослободени естонскиот и руските морнари, киднапирани кај Нигерија

Естонското министерство за надворешни работи соопшти дека естонскиот и руските морнари кои беа киднапирани на брегот на Нигерија, се ослободени, истовремено демантирајки дека е платен откуп. Француски товарен брод, на 15-ти октомври беше нападнат од пирати и притоа беа киднапирани еден естонски и 6-мина руски морнари. Во последно време зачестија нападите на нигеријски пирати во Гвинејскиот Залив, на африканскиот западен брег.