Советот за безбедност се состана во помошна просторија

Советот за безбедност при Обединетите нации се состана во помошна просторија поради штетата која масовната бура Сенди ја предизвика врз зградата на Обединетите нации во Њујорк. За сега не е познато колкава штета била предизвикана на објектот. Членовите на советот усвоија резолуција за продолжување на мировната мисија во Африка.