Пратениците по три дена се согласија за извештајот на ЕУ

Пратениците по тридневна жестока дебата го затворија поглавјето за извештајот за напредокот на Македонија, со 77 гласа „За“ го прифатија извештајот.
За пратениците од мнозинството ова е најпозитивниот извештај со кој по 4-ти пат по ред земјава добива препорака за преговори, а причината за непочнувањето на преговорите е блокадата од Грција. За пратениците од опозцијата извештајот го забележува формалниот напредок на земјава но во него се нотирани и голем број на забелешки во делот на законодавството за медиумска концентрација и јавната администрација, за проблемот со тоа што не може да добие прецизен број за вработените во државната администрација, времени или неопределени вработувања.