Оланд со поддршка за Нетанјаху

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека ќе поддржи нови санкции кон Иран доколку земјата не успее да покаже со дела дека не произведува нуклеарно оружје. Оланд на заедничката пресконференција во Париз со изралескиот премиер Бенџамин Нетанјаху изјави дека сака да види доказ дека се откажува од контровезната програма. Оланд го поддржа Нетанјаху за барањето за санкции, но се спротивстави на ставот на Израел дека е потребна воена интервенција врз Техеран. Иран ги отфрла тврдењата на Израел и западните земји дека со нукеарната програма произведува оружје за масовно уништување.