Богов: И догодина економскиот раст околу нулата

Димитар Богов

Гувернерот Димитар Богов за следната година најави стагнација на економскиот раст околу нулата, слично како и годинава. Богов истакна дека ценовната стабилност ќе биде зачувана,а инфлацијата ќе биде повисока, но околу три до 3,5 отсто и нема потенцијал да излезе од контрола.
За следната година Богов очекува ниска домашна побарувачка, без потенцијал за нарушување на ценовната стабилност.
Според владините проекции за следната година не очекува умерен раст на економијата, меѓу највисоките или највисок во регионот, но под потенцијалната стапка што Македонија ја има или ја оствари пред кризата.
Вицепремиерот Зоран Ставервски изјави денеска дека македонската како и сите влади во Европа е пред предизвикот да работи со повеќекратни сценарија за излез од кризата но како што истакна Македонија нема да оствари полош резултат од она што се случува во Европа, ќе оствари подобар резултат. Тој најави дека оваа и следната година ќе одат со проширување на буџетскиот дефицид што ќе овозможи поголема реализација на капитални инвестиции и целосно заокружување на исплатата на обврската кон фирмите.