Грчките новинари стапија во штрајк

Илустрација

Грчките новинари денеска стапија во 24 часовен штрајк при што медиумите нема да емитуваат телевизиски информативни програми, на интеренет нема да бидат објавувани вести, а нема да се испечатат ни весници за утре. Тие стапија во штрајк поради мерките за штедење за кои сметаат дека негативно ќе се оддрази врз нивната здравствена заштита. Во меѓувреме пратениците во Атина ќе гласаат за предлог законот за приватизација и се очекува ова да биде тест за владеачката коалиција затоа што со него Владата ќе добие повеќе овластувања околу приватизацијата на јавните претпријатија.