Нетанјаху во посета на Париз

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигна во Париз каде што ќе разговара со францускиот претседател Франсоа Оланд од кого ќе побара да се затегнат санкциите против Иран поради контроверзната нуклеарна програма. Ова ќе биде прва средба меѓу Нетанјаху и Оланд откако тој седна на претседателската фотелја. Израел и западните земји се сомневаат дека Иран ја користи програмата за да направи нуклеарно оружје, додека пак Техеран тоа го негира.
Израелските политичари се заканија со превентивни воени напади за да го спречат Иран да прозведе нуклеарано оружје.