Брахими бара Кина да биде поактивна во врска со Сирија

Лакдар Брахими, Јанг Џиечи, Пекинг, 31.10.2012.

Пратеникот на Арапската лига за Сирија Лакдар Брахими побара од Кина да игра поактивна улога за запирање на сиријскиот конфликт. Брахими ова го изјави по синоќешната средба во Пекинг со шефот на кинеската дипломатија Јанг Џиечи. До ова средба дојде неколку дена откако беше прекршено примирјето меѓу владините сили и бунтовниците. Кина и Русија кои се со право на вето во Советот за безбедност на Обединетите нации неколку пати ги блокираа резолуциите кои имаа за цел да се принуди сиријскиот режим да преземе чекори за запирање на насилствата. Брахими пред посетата на Пекинг престојуваше и во Москва.