Шахот задолжителен предмет во едно бугарско училиште

Во бугарската општина Сливница, во близина на границата со Србија, шахот е воведен како задолжителен училишен предмет, што е прв случај од ваков вид во Европската унија. Наставата по шах е организирана во соработка со бугарскиот шаховски сојуз, а претседателот на сојузот Силвио Данилов изјави дека негова крајна цел е воведување на шахот како предмет во училиштата не само во Бугарија, туку и во цела Европа.