Расте бројот на жртви од ураганот "Сенди"

Барак Обама за време на посетата на седиштетото на Црвениот крст во Вашингтон

Американскиот претседател Барак Обама ги предупреди граѓаните дека ураганот "Сенди" кој го зафати североисточниот брег на земјата се уште не поминал.
Тој укажа на ризикот од уште поплави и падови на електричните мрежи. Според зборовите на Обама, Сенди го „скршил срцето на земјата“.
Тој исто така им порача на официјалните лица кои ги координираат активностите околу ураганот дека нема да толерира изговори за неактивност.
Во меѓувреме, бројот на жртви од ураганот порасна на 45, а милиони луѓе останаа без јавен превоз и без електрична енергија. Обама се откажа од активностите за претседателската кампања за да се посвети на последиците од невремето.