Самарас: Атина се договори со „тројката“ за новиот пакет мерки

Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави денеска дека е постигната спогодба со меѓународни кредитори од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд за новиот пакет економски мерки, со кои Атина може да ја добие следната транша во износ од 31,5 милијарди евра. Тој додаде дека следен чекор е пакетот мерки да ги одобрат лидерите на трите политички партии во земјата потоа Грција ќе може да остане во еврозоната и да излезе од кризата.
Самарас истакна дека доколку мерките вредни 13,5 милијарди евра бидат изгласани во грчкиот Парламент земјата ќе остане во еврозоната и ќе излезе од кризата.