Жестоки битки во Сирија

Сириската државна телевизија јави денеска дека воениот генерал Абдулах Махмуд ал Калиди загинал денеска при вооружена пресметка во Дамаск. Во извештајот што го објави телевизијата е наведено дека „вооружена терористичка група е виновна за убиството на генералот.“
Во меѓувреме новински агенции јавуваат дека во бегалски камп во близина на Дамаск биле водени жестоки битки меѓу владините безбедносни сили и бунтовниците подржани од палестински борци.
Претставникот на Обединатите нации и Арапската лига Лакдар Брахими пристигна во Кина во обид да побара поддршка од неа за сопирање на насилството во Сирија. Тој вчера во Москва изјави дека кризата во Сирија „ е лоша и станува полоша“. Според податоците на активистите за човекови права од почетокот на конфликтот до сега загинале над 35 илјади луѓе а над 350 илјади се водат како бегалци.