Владата незадоволна од ДИК

Владина седница

Владата изрази незадоволство и протест до Државната изборна комисија заради бавноста и недоволната посветеност во процесот на прочистување на Избирачкиот список. Во владиното соопштение е наведено дека Државната изборна комисија не се придржува кон роковите предвидени во Патоказот и дека комисија треба да се однесува поодговорно. Владата упати апел претседателот на комисијата Борис Кондарко да ги забрза активснотите во однос на прочистување на Избирачкиот список.