Авганистанските претседателски избори во 2014 година

Авганистанските власти најавија дека претседателските избори ќе бидат оддржани во април 2014 година. Се очекува дека изборите во земјата ќе бидат од критични по официјалното повлекување на трупите на НАТО до крајот на 2014 година. Претседателот Хамид Карзаи кој го отслужува вториот мандат, според уставот нема да може да се кандира за уште еден мандат. Тој е под притисок од опозицијата што поскоро да определи датум за изборите. Карзаи е на власт во Авганистан од 2001-та година.